Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во источните од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 0, а максималната од 8 до 14 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 12 степени.

