3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастат надежите за закрепнување на еврозоната

Растат надежите за закрепнување на еврозоната

ecb1

Надежите дека економијата на еврозоната закрепнува се зголемија, благодарение на поголемиот раст од очекуваниот на клучниот индикатор за економски напредок.

Композитниот индекс ПМИ, кој го пресметува лондонската компанија Маркит, во јули изнесува 50,58 поени, прв пат по 18 месеци, надминувајќи ја границата од 50 поени која го раздвојува растот од падот на секторските активности, пренесува агенцијата Франс Прес.

Анкетата во која учествуваа илјада менаџери на набавка, кои се одговорни за набавка на материјали и производи потребни за работа, се смета за водечки индикатор за економските активности.

Во Германија, најголемата европска економија, растот на преработувачката и услужната активност достигна 17-месечен, осносно 5-месечен максимум, наведува Маркит.

„Индексот од 50,5 поени е добредојдено враќање на растот за економијата на еврозоната на почетокот на третиот квартал и ги поттикнува надежите дека овој регион конечно ќе се извлече од најдолгата рецесија во историјата“, изјави економистот на Маркит, Роб Добсон.

Добрите вести доаѓаат по првото, иако мало, намалување на бројот на невработени лица по повеќе од две години. Во јуни бројот на лица без работа е намален за 24,000, на 19,26 милиони.

Еврозоната во последните неколку години се смета за најголемата кочница на светската економија, бидејќи мерките за штедење покренати со цел да ја намалат должничката криза го ограничија економскиот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП