6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДефицитот на САД надмина 1 трилион долари од почетокот на фискалната година

Дефицитот на САД надмина 1 трилион долари од почетокот на фискалната година

Дефицитот на буџетот на САД го надмина прагот од 1 трилион долари за првите пет месеци од фискалната година (почнувајќи од октомври), без да се земат предвид новите стимулации на претседателот Џо Бајден, кои конечно беа усвоени од Претставничкиот дом во средата.

Јазот само за февруари изнесува 310,9 милијарди долари – скок од 235,3 милијарди во истиот месец во 2020-та година, според податоците на Министерството за финансии на САД, цитирани од „Bloomberg“. Така, дефицитот станува 1,05 трилиони долари – рекорд за првите пет месеци од фискалната година. За споредба, една година порано беа 624,5 милијарди долари пред кризата со коронавирусот да ја погоди земјата.

Претседателот Џо Бајден се очекува да потпише нов пакет помош од 1,9 трилиони долари во петок – значително поголем од она што првично аналитичарите очекуваа да се согласи Конгресот. Мерките се очекува да го зголемат економскиот раст со директни плаќања на голем дел од американските домаќинства и зголемена поддршка на невработеноста.

Републиканците ги искористија аргументите за растечкиот дефицит и долг кога се обидоа да се спротивстават на стимулите во нивната сегашна големина, но демократите велат дека недостатокот на ново позначајно олеснување ќе и нанесе поголема штета на економијата отколку зголемувањето на буџетскиот дефицит.

Извештајот на Министерството за финансии во февруари во голема мера ги одразува мерките во рамките на пакетот помош од 900 милијарди долари против економските последици од коронавирусот, усвоен во декември минатата година.

Планот за спасување на САД – како што администрацијата ги нарече новите мерки – ќе го прошири дефицитот за 1,16 трилиони долари во оваа година и за 528,5 милијарди долари во 2022-ра година, соопшти во средата канцеларијата за буџет на Конгресот. Ова, како и другите планирани трошоци на Бајден, може да го зголемат дефицитот за 2021-ва година над оној од претходната година, што само по себе беше рекорден според големината на економијата во повоената историја на земјата.

Главната причина за растот на јазот во јануари беа трошоците, кои се зголемија за 32,1% во споредба со претходната година. Во меѓувреме, приходите растат со слична стапка, иако остануваат далеку под трошоците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП