17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарската централна банка се држи до негативните каматни стапки

Швајцарската централна банка се држи до негативните каматни стапки

Неодамнешната девалвација на швајцарскиот франк не е причина Швајцарската национална банка (SNB) да се откаже од својата политика на негативни каматни стапки и интервенции на девизниот пазар, која ја спроведува повеќе од шест години.

„Убедени сме дека нашата експанзивна монетарна политика со негативна каматна стапка од минус 0,75 проценти и интервенции на девизниот пазар се неопходни за одржување разумни услови за швајцарската економија“, изјави членот на управниот одбор на „SNB“, Фриц Цурбруг и со тоа уште еднаш ја потврди позицијата на централната банка.

„Можеме да продолжиме со обете алатки ако ситуацијата го бара тоа“, додаде тој.

„Слабеењето на националната валута во последните неколку недели е „добредојдено и радува““, рече Цурбруг.

Благодарение на подобрите глобални економски изгледи, побарувачката за франкот, кој се смета за „безбедно пристаниште“ за време на кризи, опадна. Сепак, неизвесноста за економскиот развој останува многу голема и предвреме е да се зборува за пресврт во каматните стапки.

Неодамна, швајцарската валута падна на повеќегодишно или повеќемесечно ниско ниво во однос на најважните валути на извозните партнери. Во моментов, едно евро чини околу 1,1050 франци, како што беше последно во јули 2019-та година. Со стапка од околу 0,9290 франци, доларот е поскап како што беше пред осум месеци.

Во првите девет месеци од 2020-та година, монетарните власти откупија девизи за скоро 100 милијарди франци за да се спротивстават на економски штетното засилување на франкот. Меѓу другото, оваа акција на „SNB“ ги наведе САД да ја класифицираат Швајцарија како „манипулатор со валути“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП