23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПознат е износот на пари што принцот Хари го наследил од неговата...

Познат е износот на пари што принцот Хари го наследил од неговата мајка Дајана, се работи за голема сума

Принцот Хари откри дека можел да го напушти кралското семејство поради наследството што му го оставила неговата мајка, покојната принцеза Дајана, а сега веќе и износот е објавен.

Во интервју со Опра Винфри, принцот Хари откри дека кралското семејство го оставило без никаква финансиска поддршка на почетокот на 2020 година, принудувајќи ги тој и Меган да се согласат на мултимилионски договор со стриминг сервисите Спотифај и Нетфликс.

“Овие договори беа предложени од некој друг во време кога моето семејство ме остави финансиски без ништо и морав да обезбедам осигурување за нас двајцата. Имав само пари што мајка ми ми ги остави и без нив немаше да бидеме во можност да го оствариме ова“, рече принцот.

Имено, во тој момент тие можеле да отстапат од кралското семејство само поради наследството што му го оставила неговата мајка, покојната принцеза Дајана. Сега е откриена точната сума на пари што принцот ја наследил.

Според извештајот на Форбс за 2014 година, Дајана му оставила огромна сума пари на својот помлад син. Хари истата година наполнил 30 години и од имотот на неговата мајка добил дури десет милиони фунти.

И додека Хари и неговиот брат Вилијам се главни наследници, покојната принцеза дел од своето богатство исто така му го припишала на омилениот батлер Пол Бурел и нејзините седумнаесет кумови.

По разводот, Дајана добила вреден накит од Чарлс и акции кои исто така им припаѓале на нејзините синови по нејзината смрт.

Да потсетиме, Хари и неговата сопруга Меган Маркл и дадоа ексклузивно интервју на водителката Опра Винфри во кое тие презентираа разни шокантни и досега непознати информации за кралското семејство и нивниот однос кон нив, за кои многумина веќе го прогласија за интервју на деценијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП