Во болниците во земјата се лекуваат 917 ковид – пациенти, од кои 350 во Скопје, а останатиот дел во другите градови, соопшти Министерството за здравство.
Од таму велат дека бројот на нови пациенти со коронавирус изминативе денови е зголемен и утрово до 8 часот во Скопје имало пет слободни места во болниците, а во ковид – центрите низ земјава има околу 290 празни болнички кревети.

