20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Kia“ го најави првиот целосно електричен модел (ВИДЕО)

„Kia“ го најави првиот целосно електричен модел (ВИДЕО)

До крајот на месецот, „Kia“ ќе го претстави својот прв модел, кој е конструиран исклучиво како електричен автомобил.

За разлика од електричните модели „e-Soul“ и „e-Niro“, кои се достапни и со „SUS“ мотори, „Kia EV6“ првично беше замислен и дизајниран како електрично возило.

Корејскиот производител објави две кратки „тизер“ видеа во кои ги открива деталите за надворешниот дизајн на овој кросовер, како и неговата силуета.

Производителот досега не открива технички детали, но се очекува на клиентите да им бидат понудени две конфигурации на погонски батерии, со капацитет од 58 и 72,6 kWh.

Тие исто така ќе можат да избираат помеѓу верзија со погон на задните тркала, и модел со погон на сите тркала. Вториот ќе има два електромотори, кои треба да произведуваат 306 Ks (225 kW) и 605 Nm.

Моделот со погон на сите четири тркала ќе забрза до 100 km/h за нешто повеќе од 5 секунди, а со поголемата батерија ќе може да помине околу 480 km без запирање.

Повеќе детали ќе бидат познати по премиерата на „Kia EV6“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП