2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина: Најнизок раст на БДП во последните 30 години

Кина: Најнизок раст на БДП во последните 30 години

kinabanki1

Кинеската влада оваа година очекува најнизок раст на БДП за последните 30 години – 7,5 проценти, и покрај пробивот на пазарот за оружје.

Нивото на раст на БДП во Кина постепено се приближуваше кон нивото од десет проценти.

Според некои предвидувања, во наредните години темпото на раст на економијата во оваа земја може да биде намалено на три проценти.

За да го поттикне економскиот раст, кинеската влада планира да ја зголеми потрошувачката и да насмери одделни средства во изградбата на железнички пруги и равојот на инфраструктурата.

Властите планираат да се ослободат од долговите, кои се главен проблем на кинеската економија.

Според податоците на Меѓународниот институт за истражување на прашањата на мирот во Стокхолм , во 2012 година Кина ги изненади повеќето со пробивањето во групата на лидерите-извозници на оружје.

Беше продадена стока во вредност од 8,3 милијарди долари, со што Кина ја надмина Велика Британија.

Покрај тоа, не стануваше збор за препродажба на руско оружје. Кина, како еден од главните потрошувачи, во исто време стана и главен снабдувач со оружје и опрема.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП