12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкоро третина од светските дестинации се затворени за туризам

Скоро третина од светските дестинации се затворени за туризам

Речиси една третина од светските дестинации во моментов се целосно затворени за меѓународни туристи поради пандемијата, соопшти туристичкиот орган при ООН.

Владите првично започнаа со ублажување на ограничувањата за патувања, но го сменија трендот по појавата на новите видови на вирусот и поради „континуираната сериозност на епидемиолошката состојба“, се вели во извештајот на Светската туристичка организација (UNWTO) со седиште во Мадрид.

На почетокот на февруари, 69 дестинации од 217 земји, или 32%, беа целосно затворени за меѓународен туризам – вклучувајќи 30 во Азија и Пацификот, 15 во Европа и 11 во Африка.

Ова е пад од пикот во мај 2020-та година, кога 75% од дестинациите ширум светот беа целосно затворени, но пораст од ноември, кога беа затворени 27%.

Организацијата на ООН соопшти дека постои тренд на „повеќе нијансиран, базиран на докази и заснован на ризик“ пристап до ограничувањата на патувањето, како што се налага меѓународните туристи да дадат негативен тест при пристигнувањето.

Околу една третина од светските дестинации веќе имаат воведено негативен тест по пристигнувањето, често во комбинација со карантин.

„Ограничувањата за патување се широко користени за ограничување на ширењето на вирусот. Сега, додека работиме на рестартирање на туризмот, мора да признаеме дека ограничувањата се само дел од решението“, вели шефот на „UNWTO“, Зураб Полиликашвили.

Пристигнувањето на меѓународните туристи опадна за една милијарда или 74% во 2020-та година, според „UNWTO“, која ја нарече „најлошата година во историјата на туризмот“.

Пандемијата ја чинеше глобалната туристичка индустрија 1,3 трилиони долари загубени приходи во минатата година – повеќе од 11 пати поголема од загубата забележана за време на глобалната финансиска криза во 2009-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП