5 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалната трговија со храна ќе генерира приходи од 370 милијарди евра до...

Глобалната трговија со храна ќе генерира приходи од 370 милијарди евра до 2022-ра

Глобалниот пазар на храна е на пат да генерира 370 милијарди евра приход од продажба помеѓу 2020-та и 2022-ра година, постигнувајќи кумулативен годишен раст од 3,1%, според „IGD“, цитиран од онлајн изданието „Europe-Re.com“.

„IGD“ го следеше огромниот раст на трговијата со храна во 2020-та година, во кој првите 20 пазари ќе остварат приходи од продажба од 235 милијарди евра, што претставува зголемување од 8,8% на годишно ниво.

Забрзаниот раст на поголемиот дел од глобалниот пазар на мало во 2020-та година беше поттикнат од промената на потрошувачките трошоци од „надвор од домот“ до „домот“, како резултат на ограничувањата заради блокадите.

Индија ќе биде земја со најбрз раст во периодот 2020-2022 година со кумулативен годишен раст од 7,2%. САД ќе останат водечки пазар до 2022-ра година, предвидува „IGD“.

На среден рок, Централна и Источна Европа се очекува да растат побрзо од Западна Европа. Растот во Кина ќе остане силен и забрзаната транзиција кон купување преку Интернет ќе продолжи.

Промената на малопродажбата во Велика Британија ќе задржи некои од своите нови карактеристики, како што се купување преку Интернет и големи купувања за целата недела.

„Економските предизвици се очекуваат во повеќето западноевропски земји во 2021-ва година, така што трговците ќе мораат да се фокусираат на цената за да останат конкурентни“, рече Џон Рајт, шеф оделот за Европа, Блискиот исток и Африка во „IGD“.

„Трендовите пред Ковид-19 се забрзуваат со пандемијата, што доведе до побрз премин кон купување преку Интернет на повеќето пазари, а тоа стимулираше повеќе инвестиции во овој канал. Во Велика Британија, по острата промена на потрошувачките трошоци од прехранбени услуги до трговци со храна во 2020-та година, растот на продажбата ќе стане поумерен, бидејќи националната програма за вакцинација дозволува повторно отворање на секторот за ресторани“, додаде Рајт.

„Интернет-шопингот ќе го задржи својот голем удел на пазарот, а големото неделно купување ќе остане популарно. Намалувањето на финансиската поддршка и зголемувањето на невработеноста ќе направат некои домаќинства да заштедат на намирници, додека други може да потрошат помалку со почетокот на закрепнувањето на јадењето надвор“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар