6 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција не ги отвора границите за Македонија, продолжена забраната за патници од...

Грција не ги отвора границите за Македонија, продолжена забраната за патници од трети земји

Грција ја продолжи забраната за пристигнување патници од околните земји по воздушен, копнен и морски пат, а тоа правило важи и за патниците од земјите од третиот свет. Забраната важи две недели, поточно до 22 март.

Минатата недела Грција ги засили мерките на граничните премини Евзони и Какавија на северот на земјата, кон Северна Македонија, односно Албанија.

Царината работи пократко (од 7:00 до 17:00 часот) и бројот на лица кои можат да влезат во земјата дневно е ограничен на 400, а за нив е задолжителен четиринаесетдневен карантин.

Секој што сака да влезе во Грција мора да помине брз антиген тест за ковид, вклучително и возачи на камиони.

Новите ограничувачки мерки предизвикаа проблеми, па грчките и македонските возачи протестираа на Евзони во петокот.

На туристите исто така не им е дозволен влез, но тие можат да дојдат преку преминот со Бугарија Промахонас, потребно е само да покажат негативен ПЦР-тест направен во претходните 72 часа.

На граѓаните на земјите членки на ЕУ, како и на државјаните на Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Тајланд, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, Русија и Израел не им е забранет влез.

Здравствените работници, жителите на ЕУ, членовите на дипломатските мисии, дипломатите, возачи на камиони, транзитни патници, студенти, негуватели на стари лица и инвалиди и сезонски земјоделски работници се изземени од забраната за влез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП