2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на услужниот сектор во Германија

Раст на услужниот сектор во Германија

germany1

Додека во деновите на криза повеќето светски економии се борат да закрепне производството, Германците можат да се пофалат дека кај нив и услужниот сектор „цвета“.

Германскиот услужен сектор бележи раст веќе трети месец по ред, благодарение на новите нарачки, иако вредноста на индексот сеуште е под очекуваното.

Како што пренесува Ројтерс, вредноста на индексот во услужниот сектор во минатиот месец изнесувала 51,3 наместо очекуваните 52,5 поени, додека таа во јуни изнесуваше 50,4 поени, со што, веќе трети месец по ред ја надминува границата од 50 поени.

Композитниот индекс кој ја обединува индустријата и услугите во истиот месец забележа вредност од 52,1 поен. Во споредба со 50,4 поени кои беа забележани во јуни.

Подиндексот кој ги пресметува дојдовните нарачки, исто така, ја надмина границата од 50 поени, достигнувајќи вредност од 51,2 поени, додека во јуни тој изнесуваше 48,1 поен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП