26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо 2020-та во просек секоја недела имало по 8 нови милијардери во...

Во 2020-та во просек секоја недела имало по 8 нови милијардери во светот

Бројот на милијардери ширум светот се зголемува просечно по 8 неделно, или вкупно 421 во 2020-та година, со што вкупниот број достигна рекордни 3.288, според 10-тото издание на „Hurun Global Rich List“.

И покрај пандемијата со Ковид-19, вкупното богатство на милијардерите ширум светот скокна за 32% во текот на разгледуваниот период или на 14,7 трилиони долари.

„Во текот на изминатата година, милијардерите ширум светот го зголемија своето вкупно богатство за еквивалент на германскиот БДП (3,5 трилиони долари), што сега е еднакво на кинескиот БДП“, се вели во извештајот.

Во „Hurun Global Rich List 2021“ вклучува 3.228 милијардери од 2.402 компании и 68 земји. Посочените износи се заклучно со 15-ти јануари 2021-ва година.

Основачот на „Tesla“, Илон Маск, го зголеми своето богатство за дури 151 милијарда долари во текот на годината, за првпат ја зазема водечката позиција со 197 милијарди долари. Во рангирањето на „Hurun“, по него во рангирањето е првиот човек на „Amazon.com Inc.“, Џеф Безос со 189 милијарди долари и Бернард Арно, извршниот директор на „LVMH Moët Hennessy – Louis Vuitton SE“ со 114 милијарди долари. Првата петорка ја комплетираат Бил Гејтс и Марк Цукерберг.

Три лица го зголемија своето богатство за најмалку 50 милијарди долари за една година, предводени од Илон Маск со 151 милијарда долари. Потоа следуваат милијардерите за електронска трговија Џеф Безос од „Amazon“ и Колин Хуанг од „Pinduoduo“ со по 50 милијарди долари.

„Со оваа стапка на раст на богатството, очекуваме личното богатство на 50 или повеќе луѓе да порасне на над 100 трилиони долари во следните пет години“, пишува весникот.

Повеќето од милијардерите на рангирањето работеа напорно за да бидат таму. Од сите милијардери во светот, 71% немаат наследено богатство. Меѓу нив има 231 жена, што е за 51 повеќе од минатата година.

Кина доминира со 66% од жените милијардери кои не го наследиле своето богатство. Најбогата жена на светот е Алис Волтон со 74 милијарди долари.

Подемот на Азија и Индија

Според земји, Кина е исто така лидер во бројот на милијардери со 1.058, следени од САД (696), Индија (177), Германија, Велика Британија и Швајцарија со повеќе од 100.

По континенти, Азија придонесува со 51% од милијардерите.

Индија може да се пофали со 209 милијардери, од кои 177 живеат во земјата.

„Бројот на милијардери во Индија порасна со слично темпо на САД во последната година – 50, во споредба со 69“, се вели во извештајот.

Богатството на само 635 милијардери ширум светот се намали во последната година, а 194 лица отпаднаа од рангирањето. Починаа 32 лица од рангирањето од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП