18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТиго Фајнанс со уште 3 нови филијали во Струга, Штип и Велес...

Тиго Фајнанс со уште 3 нови филијали во Струга, Штип и Велес и со најава за уште 5 до крајот на месец април

По проширувањето на својата продажна мрежа во Струга, Штип и Велес во текот на февруари 2021 г., Тиго Фајнанс продолжува со експанзијата со уште 5 филијали во Гостивар, Кичево, Кавадарци и две во Скопје до крајот на април 2021 г.

На барање на клиентите, во текот на минатиот месец компанијата отвори 3 нови филијали, во Струга на ул. Пролетерски Бригади бр. 37, во Штип на ул. Ванчо Прќе бр. 67 и во Велес на ул. Маршал Тито бр. 32, а до крајот на месец април, најавува проширување на својата продажна мрежа на уште 5 локации, односно во Гостивар, Кичево, Кавадарци и две во Скопје. Со оваа експанзија, услугите на Тиго Фајнанс ќе бидат достапни во 17 филијали ширум земјата.

Оваа експанзија која ќе продолжи во текот на целата 2021 г., доаѓа како резултат на сѐ поголемото побарување на клиентите за достапност на услугите на Тиго Фајнанс преку физички точки ширум земјата, што подразбира и нови вработувања. Во моментов Тиго Фајнанс брои вкупно 76 вработени, а со експанзијата и моменталната динамика веруваат дека до крајот на годината ќе достигнат и до 100 вработени, со што компанијата станува сѐ посериозен партнер на локалните заедници каде што делува.

Воедно, заедно со проширувањето на својата продажна мрежа, Тиго ја најави и својата најнова кампања „Побрзи од стресот“ како одговор за сите стресни ситуации предизвикани од финансиски причини. Со кампањата се комуницира актуелната атрактивна понуда на Тиго, преку која сите нови клиенти имаат можност да аплицираат за кредит, без камата и 0% трошоци, односно колку клиентот ќе земе, толку ќе има обврска и да врати, со навремена и еднократна отплата на 30 дена.

До услугите на Тиго Фајнанс, клиентите можат едноставно да пристапат и онлајн на www.tigo.mk  или да се информираат со јавување во контакт центарот на 13 700, а аплицирањето е подеднакво брзо како и во филијалите, односно одговор на апликацијата се добива за само 30 секунди, додека исплатата во кеш се врши за само 10 минути, само со лична карта и без жиранти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП