24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИлјадници здравствени работници дадоа отказ среде пандемија

Илјадници здравствени работници дадоа отказ среде пандемија

Неколку илјади вработени во унгарските болници поднесоа оставки, осудувајќи ги новите државни договори за вработување, но раководството во вторникот се обиде да ги убеди да ја сменат својата одлука, тврдејќи дека Унгарија се соочува со третиот бран на пандемијата од коронавирус.

Според изјавата на Државната здравствена служба (OFKO) во вторникот, „95 проценти од 110.000 вработени потпишаа“ нови договори пред крајниот рок од 1 март, а останатите 5.500 не беа принудени да го напуштат работното место.

Золтан Јенеи, шеф на OFKO, сепак, сакаше да ја ублажи загриженоста, велејќи им на новинарите дека здравството, иако е под притисок поради пандемијата „Ковид-19“, сепак може да работи и на тој начин, дури и подобро отколку порано. Законот за дефинирање на новите услови за работа беше усвоен од Парламентот во октомври 2020 година.

Предвидено е зголемување на платата, што премиерот Виктор Орбан го оцени како „без преседан“, а воведени се и санкции за мито што пациентите им ги даваат на лекарите, што е вообичаена пракса во Унгарија.

Но, некои други одредби ги налутија вработените кои сметаат дека повеќе нема да добиваат бонуси или дека веќе нема да им биде дозволено да вршат друга работа во приватни клиники.

Во болницата во Будимпешта во еден од одделите, само 20 проценти од специјалистите го обновиле договорот, се наведува во писмото објавено на веб-страницата на Телекс.

„Не можеме повеќе да работиме“, призна главниот доктор.

„Светлата се исклучени“, велат вработените во одделот за интензивна нега во друга болница во главниот град.

Во изјава, либералниот градоначалник Гергељи Карачони ја критикуваше владата за „загрозување на обезбедувањето на здравствена заштита среде вирусна пандемија“.

Унгарскиот здравствен систем страда од хронично недоволно финансирање, а според Светската Здравствена Организација, буџетот на тој сектор по глава на жител е само половина од европскиот просек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП