29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХоландски „шамар“ за Американците: Тие им продадоа високо-технолошка опрема на Кинезите

Холандски „шамар“ за Американците: Тие им продадоа високо-технолошка опрема на Кинезите

Најголемиот кинески производител на чипови, SMIC, купи опрема за производство од ASML, со седиште во Холандија, за 1,2 милијарди долари, откако САД препорачаа координација во блокирањето на испораките на клучните уреди во Кина.

Во декември, канцеларијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја стави на црната листа кинеската компанија, наредувајќи им на домашните компании како што се Applied Materials и Lam Research Corp да побараат дозвола пред да и ја продадат опремата за производство.

Министерството за трговија на САД потегот го оправда со наводните напори на Кина да ја користи цивилната технологија за воени цели. Тие исто така тврдеа дека имаат докази за загрижувачка соработка помеѓу SMIC и кинеските производители на воена опрема. Вашингтон дозволи само продажба на опрема за производство на „постари“ чипови.

ASML произведува таква опрема, но има репутација на најголем производител на софистицирани литографски уреди во светот, кои втиснуваат склопови на чипови на подлогата фокусирана од ултравиолетовите зраци (EUV), напоменува Ројтерс.

Во 2019 година, кабинетот на Трамп побара од холандските власти да ја блокираат продажбата на ваква машина на кинескиот SMIC и тие не ја продолжија потребната дозвола. Дозволата за испорака не била издадена до крајот на февруари, според Ројтерс, повикувајќи се на податоци од холандската влада.

ASML не одговори веднаш на прашањата на Ројтерс за тоа какви уреди им продавале на Кинезите.

Во јануари, извршниот директор на ASML, Питер Веник, рече дека компанијата гледа „значителни придобивки“ во продажбата на постара технологија за производство на чипови на Кина, ако владата го дозволи тоа. Во 2020 година, ASML оствари 17 проценти од приходите односно 14 милијарди евра од продажба на уреди на Кина.

Комисијата за национална безбедност на САД во секторот за вештачка интелигенција (NSCAI) во понеделникот препорача САД, во координација со Холандија и Јапонија, да им ги одземат лиценците на компаниите за извоз на опрема за производство на чипови во Кина.

„Продажбата е шлаканица по препораките на NSCAI и покажува големи разлики меѓу сојузниците по ова прашање“, изјави за Ројтерс извршниот директор на американскиот производител на полупроводници, кој сакаше да остане анонимен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП