24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTaycan доби караван верзија (ФОТО/ВИДЕО)

Taycan доби караван верзија (ФОТО/ВИДЕО)

Германскиот производител „Porsche“ претстави караван верзија на својот прв електричен автомобил „Taycan“. Практичната верзија на автомобилот донекаде имитира „SUV“, што секако ќе го направи попосакуван за клиентите.

Моделот го носи името „Taycan Cross Turismo“, и е за 20 mm повисок од стандардниот седан. Други 10 mm се додаваат со дополнителениот пакет „Off Road Design Package“, кој ќе биде достапен за караванот. Тој вклучува и пластични безбедносни елементи на каросеријата, што е идентично со предниот дел на седанот, но е целосно изменето одзади.

Компанијата додава посебен режим за возење по чакал „Gravel“, со што се зголемува суспензијата и се прават промени во системот за контрола на стабилноста, како и во управувањето со вртежниот момент при возење на тежок терен. „Porsche“ признава дека „Taycan Cross Turismo“ не е типичен теренец, но режимот „Gravel“ го прави многу постабилен при возење по груби површини од седанот.

Како што се очекуваше, електричниот караван ќе биде достапен само со воздушна суспензија и погон на четири тркала, благодарение на двата електромотора. Основна верзија е „Taycan Cross Turismo 4“, кој не е достапен за седанот. За караванот се предвидени тркала од 20 и 21 инчи.

Во однос на моќноста, вториот караван на „Porsche“ по „Panamera Sport Turismo“ нуди 375 или 469 ks. Забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 4,8 секунди, а максималната брзина е 219 km/h.

Следното ниво – „4S“, во својата стандардна верзија има „Performance Battery Plus“ систем (тоа е опција за „4S“ седанот). По него следуваат верзиите „Turbo“ и „Turbo S“, тие нудат исто ниво на моќност како и еквивалентните седани „Taycan“. Во најмоќната варијанта, забрзувањето од 0 до 100 km/h трае 2,7 секунди, што е за 0,15 секунди побавно од седанот. Ова е импресивно достигнување бидејќи „Taycan Cross Turismo Turbo S“ тежи неверојатни 2.358 килограми. Максималната брзина е 244 km/h (250 km/h кај седанот).

Стандарден панорамски покрив е достапен како стандарден за моделот, а просторот на задните патници е поголем за 65 mm. Волуменот на багажникот е 410 литри, а предниот дел има дополнителен простор за да собере повеќе. Неговиот волумен е 82 литри. Дополнително, достапни се шини на покривот, на кои може да се постави уште еден багажник.

Новиот „Porsche Taycan Cross Turismo 4“ сега е достапен на пазарот, а цената во САД започнува од 92.250 долари. Дополнителни уреди како адаптивна круз-контрол, одржување на лента, масажа во седиштето, „head-up“ дисплеј и аудио системи „Bose“ или „Burmester“ се достапни со доплата. Во Соединетите држави, купувачот исто така добива бесплатно полнење 3 години од мрежата на станиците „Electrify America“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП