19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПроменливо облачно време со температура до 20 степени

Променливо облачно време со температура до 20 степени

Претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 17 степени.

В сабота ќе преовладува променливо облачно време со засилен северен ветер, особенопо должина на Повардарието и на повисоките места, каде повремено ќе надминува 70 км/час. Ќе има повремен локален дожд, а на планините снег уште од претпладневните часови, претежно во западните и северните делови. В недела ќе се задржи променливо облачно и свежо време со услови за слаби локални врнежи.

Дневните температури значително ќе опаѓаат и в недела ќе бидат пониски за 8 до 10 степени од досегашните. Утринските температури на повеќе места ќе бидат негативни, а дневните од понеделник ќе бидат во постепен пораст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП