24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија го зголемува корпоративниот данок поради трошоците за Ковид-19

Британија го зголемува корпоративниот данок поради трошоците за Ковид-19

Британскиот министер за финансии Риши Сунак објави зголемување на данокот на добивка на 25% во април 2023-та година, со цел владата да ги поврати јавните финансии по големите позајмици поради пандемијата со Ковид-19.

Сунак ова го рече за време на презентацијата за буџетот во Долниот дом, истакнувајќи дека промената ќе стапи на сила една година подоцна отколку што Канцеларијата за буџетска отчетност (ОБР), државно тело што обезбедува независни прогнози, очекува бруто домашниот производ да се врати на ниво пред пандемијата.

Тој додаде дека малите бизниси со профит од 50.000 фунти (69.816 долари) или помалку ќе бидат заштитени, така што даночната стапка за нив ќе се задржи на сегашното ниво од 19 проценти, пренесува „CNBC“.

„Тоа значи дека околу 70 проценти од компаниите или 1,4 милиони компании воопшто нема да бидат погодени од зголемувањето на данокот“, рече Сунак.

Според него, прогресивни стапки ќе се применуваат за компании со профит над 50.000 фунти, додека само компаниите со добивка поголема од 250.000 фунти ќе се оданочуваат со целосна стапка од 25 проценти.

Канцеларијата за буџетска отчетност сега очекува британската економија да се врати на нивото пред Ковид-19 до средината на 2022-ра година, предвидувајќи раст на БДП-то од 4 проценти воо оваа година и 7,3 проценти во 2022-ра година, но забележува дека економијата исто така ќе продолжи да биде 3 проценти под нејзината петгодишна траекторија пред пандемија.

Владата во Лондон позајми рекордни 355 милијарди фунти во мирно време од почетокот на пандемијата, што е 17 проценти од БДП-то и има намера да позајми дополнителни 234 милијарди фунти (10,3 проценти од БДП-то) во следната година.

Проценето е дека основниот долг ќе се зголеми од 88,8 проценти од БДП-то годинава на 93,8 проценти во следната година и ќе достигне максимум од 97,1 процент во 2023/24 година.

„На среден рок, не можеме да дозволиме раст на нашиот долг и имајќи предвид колку е висок сега, мора да посветиме големо внимание на тоа колку долг можеме да си дозволиме. Сепак, рационално е да се користат сегашните пониски каматни стапки за инвестирање во капитални проекти кои можат да генерираат наш иден раст“, заклучи Сунак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП