19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМЗ: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

МЗ: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што доаѓаат од сите африкански земји.

Оттаму додаваат дека до овој момент во земјата сè уште не е детектирано присуство на јужноафриканскиот сој на вирусот.

Во текот на утрешниот ден МАНУ ќе изврши анализа на брисеви од двајца пациенти ковид-позитивни, кои се вратиле од патување од Занзибар. Пациентите се хоспитализирани веднаш по пројавувањето на првите симптоми на вирусот СарсКОв2.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести во согласност со актуелната епидемиолошка слика и анализите на Институтот за јавно здравје не ја исклучуваат можноста да се донесат препораки за нови мерки со цел спречување понатамошно ширење на коронавирусот. Од Министерството за здравство апелираат до граѓаните задолжително да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи, како носење маска, одржување хигиена на рацете и држење дистанца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП