26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЗлатан му одговори на Леброн: Спортистите обединуваат, политиката разединува

Златан му одговори на Леброн: Спортистите обединуваат, политиката разединува

Златан Ибрахимовиќ го повтори своето мислење дека спортистите треба да се држат подалеку од политиката и покрај тоа што Леброн Џејмс се најде навреден од ваквото мислење ветувајќи дека секогаш ќе зборува за „својата заедница“. Златан прати кратка порака од фестивалот во Санремо, каде што е посебен гостин: „Спортистите го обединуваат светот, политиката го разединува“.

Ибрахимовиќ првично изјави дека му се допаѓа Леброн како спортист, но дека политиката треба да ја остави надвор од теренот. Џејмс му одговори дека нашол „погрешен човек“ за да се чепка, посочувајќи дека Златан е дволичен бидејќи во 2018 година зборуваше за расизмот во Шведска. Ибрахимовиќ смета дека тој погрешно го разбрал.

„Расизмот и политиката се две различни работи. Ние спортистите го обединуваме светот, политиката го разделува. Секој е добредојден, нема врска од каде си, тука си да обединиш. не правиме други работи бидејќи не сме добри во нив, бидејќи во спротивност ќе треба да бидете политичари. Тоа е мојата порака – спортистите треба да се спортисти, политичарите треба да се политичари“, вели Ибрахимовиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП