26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКомбинација која ублажува анемија, чир, импотенција...

Комбинација која ублажува анемија, чир, импотенција…

Комбинацијата од мед и ореви на нашиот организам му ги обезбедува сите неопходни витамини, минерали, протеини, масти, јаглени хидрати и уште многу нешта.

Медот и оревите ја ублажуваат импотенцијата, анемијата, главоболката, чирот во желудникот, а најдобро од се е што овој „еликсир“ не е тешко да го направите.

За анемија

Се што ви е потребно е половина килограм квалитетен ливадски мед, половина килограм мелени ореви и еден лимон.

Состојките треба да ги измешате во тегла во која ќе ја чувате мешавината се додека не ја потрошите.

Лекот се зема на секои три до четири часа.

За висок крвен притисок

Кај проблемите со висок крвен притисок се препорачува секојдневно консумирање на 100 грама ореви и иста количина на мед во периодот од 45 дена.

За чир во желудникот

Кај проблемите со чир во желуднокот се подготвува оревово млеко со мед. Потребни се 200 грама мелени ореви да ги помешате со врела вода, добро да ги изматите во блендер и да ги процедите. Во добиеното млеко да додадете 2 лажици мед. Консумирајте 2-3 лажици половина час пред секој оброк.

За импотенција

Мелени ореви треба да помешате со мед во ист размер. Земајте две лажици два-три пати на ден, половина час по јадењето. За да го постигнете саканиот ефект, третманот треба да трае од 20 до 30 дена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП