26 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНамирници за кои никогаш не би се посомневале дека ги уништуваат забите

Намирници за кои никогаш не би се посомневале дека ги уништуваат забите

Нема личност која не сака блескава насмевка, но некои намирници потајно ги бојат нашите заби. За да се намали нивното лошо влијние потребно е да ги препознаеме и умерено да ги кoнсумираме, но и по консумирањето веднаш да ги измиеме забите. Ова се некои од главните виновници кои влијаат на промената на бојата на нашите заби.

Крекери

Кој би помислил дека крекерите сe меѓу топ виновниците кои ги бојат збаите? Многу крекери се произведени од рафинирани јаглени хидрати, кои се претвораат во шеќер и така стануваат извор на храна за бактериите кои ги бојат забите.

Балзамико оцет

Обоенот течен зачин полн со киселина, која ја додаваме во јадењата и салатите. За жал негативно влијае на белината на забите. За да го намалиме штетното дејство, обидете се да ја намалите количината.

Кисели краставички

Лоша вест и за обожавателите на овој кисел вкус. Токму киселината од краставиците може да ја наруши глеѓта и да предизвика промена на бојата на забите.

Кафе или чај

Љубителите на кафе или чај би можеле да завршат со жолти заби, а тоа особено важи доколку претеруваат со уживањето во овие омилени напитоци.

Сос од домати

Доматите со својата киселина, но и со интензивната боја можат да предизвикаат потемнување и ерозија на забите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП