Мерцедес го откри изгледот на болидот, со кој најсилниот адут на тимот, Луис Хамилтон, ќе се обиде да ја освои рекордната осма шампионска титула. Новиот болид ја носи ознаката W12. Мерцедес и оваа сеозона ја задржаа црната боја на своите болиди.
Мерцедес е незапирлив во хибридната ера, освои седум двојни круни. Шест титули освои Луис Хамилтон, една Нико Розберг.


