20 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗ„Toyota Yaris“ e европски автомобил на годината!

„Toyota Yaris“ e европски автомобил на годината!

Новата генерација на „Toyotа Yaris“ е прогласена за европски автомобил на годината за 2021-ва година, на второт место се најде моделот „FIAT 500“, a пак трет е „Cupra Formentor“.

Одобрен од жири составено од 59 автомобилски новинари од цела Европа, четвртата генерација на „Yaris“ ја доби оваа награда 21 година откако првата генерација во 2000-та беше прогласена за автомобил на годината во Европа, како прва „Toyota“ која се закити со оваа претстижна титула.

„Yaris“ оваа година триумфираше во изборот со 266 бодови, пред новиот „FIAT 500“ кој доби 240 поени и третопласираниот „Cupra Formentor“ со 239 бодови.

На четвртото место се најде електричниот „VW ID.3“, a пак петта е „Škoda Octavia“.

Жирито особено ја пофали хибридната технологија на „Yaris“, непреченото возење, ниската емисија на штетни гасови и пристапната цена – илустрирајќи зошто повеќе од 80 проценти од купувачите го избираат „Yaris“ токму поради хибридниот погонски систем.

„Yaris“ е исто така препознатлив и по дизајно, динамичките својства и водечката безбедност во класата.

Како што се наведува, жирито за европскиот автомобил на годината особено го цени упехот на „Toyotа“ повторно разгорување на страста кон пазарот на „расните спортисти“ низ цела Европа, со лансирањето на „GR Yaris“.

„Ова е голема чест за „Toyotа“ и би сакал да се заблагодарам на жирито на вниманието и признанието. Исто така би сакал да ја истакнам страста на нашите развојни тимови во Европа и Јапонија. Ова досега е најдобриот „Yaris“, и токму како што Акидо Тојода ја замислуваше, да предизвика насмевка на лицата на нашите купувачи“, вели Мет Харисон, извршниот потпретседател на „Toyota Motor Europe“.

„Toyota“ досега три пати е наградувана со титулата европски автомобил на годината. Првата генерација на „Yaris“ победи во 2000-та година, „Prius“ во 2005-та го однесе најголемите почести, а сега „Yaris“ повторно го подигна трофејот за 2021-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП