25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПристигнува „ѕвер“: Наскоро телефон со 18 GB RAM

Пристигнува „ѕвер“: Наскоро телефон со 18 GB RAM

„Asus“ се очекува наскоро да го претстави својот нов гејмерски телефон – „Asus ROG 5“. Некои детали за овој модел веќе се појавија на платформата „Geekbench“.

Ако може да му се верува на „Geekbench“, тоа е модел со сериски број „Asus_I005DB“.

Веќе знаеме дека тој ќе има осум-јадрен процесор „Qualcomm Snapdragon 888“ со такт од 1,8 GHz, но она што е особено интересно се информациите за огромниот капацитет на RAM меморија – дури 18 GB.

Ако ова е точно, тоа би било голема иновација, бидејќи досега ниту еден телефон нема толку RAM меморија – најмногу што може да се најде е 16 GB, достапно на моделите „Samsung Galaxy S11 Ultra“ и „Asus ROG 3“.

Исто така, минималниот капацитет за складирање може да се зголеми на 512 GB, ако RAM меморијата беше 18 GB.

Од она што сè уште го знаеме за овој телефон (барем според инсајдерските информации), „Asus ROG 5“ ќе има екран од 6,78 инчи, батерија од 6.000 mAh што поддржува полнење од 65W, како и главна камера од 64 MP.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП