26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој е човекот кој си исплатил најголема годишна плата досега во Велика...

Кој е човекот кој си исплатил најголема годишна плата досега во Велика Британија

Сер Крис Хон, менаџер на хеџ фондот Children’s Investment (TCI), минатата година си исплатил 479 милиони долари откако неговиот фонд забележа скок на добивката пред оданочување од 66% на 695 милиони долари, пренесуваат британските медиуми.

Се смета дека ова е најголемата годишна сума исплатена некогаш на едно лице во Велика Британија и изнесува 940 000 фунти на ден. Тоа е 9000 пати повеќе од просечната плата во Велика Британија и 1.700 пати повеќе од сумата исплатена на премиерот Борис Џонсон.

Огромната плата на Хон од 479 милиони долари (343 милиони фунти) е значително поголема од претходниот рекорд од 323 милиони фунти исплатени на Денис Коутс, мнозински акционер на обложувалницата Bet365, во 2018 година.

Неверојатната сума е исплатена во форма на дивиденда од TCI, хеџ фонд основан од Хон во 2003 година, чиј вкупен акционерски капитал вреди 1,94 милијарди американски долари.

Хон, 54, е син на јамајкански автомеханичар кој емигрирал во Велика Британија во 60-тите години на минатиот век. Тој е еден од најдарежливите филантропи во Велика Британија и дал 386 милиони долари преку неговата лична добротворна организација во 2019 година. Поради својата филантропија во 2014 година ја доби титулата „Сер“.

Хон ја стави борбата против климатската криза во центарот на мисијата на неговиот хеџ фонд и добротворна организација и најголемиот единствен донатор на „Extinction Rebellion“, кој ги повикува луѓето како „итна потреба“ да се разбудат заради климатските вонредни состојби.

„Неодамна им дадов 50.000 фунти, бидејќи човештвото агресивно го уништува светот со климатските промени и има итна потреба сите да се разбудиме со тој факт“, рече Хон во 2019 година. Се верува дека неговата добротворна организација ветила дополнителни 150 000 фунти.

TCI има голем удел во Visa, Microsoft и Alphabet и има седиште во центарот на Лондон, а е во сопственост на матичната компанија „The Children’s Investment Fund Management (Caiman) Limited“, во даночниот рај на Кајманските острови.

Според листата на списанието „Forbes“, минатата година Хон вредеше 5 милијарди долари, а во споредба со 2019 година, тој е побогат за 1,9 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП