Времето денеска ќе биде претежно сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 13 степени.

