1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСтартува производството на моделот Х5

Стартува производството на моделот Х5

2014-BMW-X5s

Германската компанија во својата американска фабрика во Спартанбург (Јужна Каролина) го започна сериското производство на третата генерација на моделот Х5. Официјалната премиера на овој успешен СУВ модел ќе биде одржана на саемот за автомобили во Франкфурт (12-22. Септември).

Првиот произведен примерок на новата генерација на моделот Х5 ќе биде верзијата „M50d“, кој го краси бела боја „Mineral“. Ентериерот на автомобилот е опремен со квалитетна кожа „Nappa“, a ќе биде наменет за неименуван „дилер“ во Источна Европа.

2014-bmw-x5-f15-063

Третата генерација на моделот „BMW X5“ во почетокот ќе биде достапна со три мотори. Бензински осумцилиндарски xDrive50i со 330 kW и два турбодизели со шест цилиндри, xDrive30d кој развива 190 kW и M50d, опремен со три турбополначи и кој развива максимална снага од 280 kW. Веќе во декември месец на располагање ќе бидат и варијантите Drive40d, xDrive35i, xDrive25d и sDrive25d. Последните два ќе ги придвижува дволитарски мотор, а од ознаката sDrive25d дознаваме дека ќе биде понуден и со погон на задните тркала.

Последниот примерок од втората генерација на моделот „BMW X5“ (E70) беше произведен исто така во фабриката во Јужна Каролина на 28 јуни оваа година. Автомобилот го красеше сива „Titanium“ боја, а го придвижуваше 4.4-литарски осумцилиндарски мотор (xDrive50i). Како што и очекувавме возилото ќе биде дел од историските автомобили на „BMW“.

„BMW“ од 1999-та година произведе повеќе од 1.3 милиони примероци на моделот X5 од првата генерација, а пак втората е продадена во 728.107 примероци и нејзиното производство започна во 2006-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП