25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Bank of America“: Кина ќе ја надмине САД и ќе стане најголемата...

„Bank of America“: Кина ќе ја надмине САД и ќе стане најголемата економија на светот веќе во 2028-ма

Кина има добри шанси да ја удвои големината на нејзината економија до 2035-та година и притоа да ги надмине САД како најголема светска економија, рече економистот „Bank of America“ (BofA), Хелен Кјао.

Додека Кина сака да стане напредна земја, кинескиот претседател Си Џинпинг неодамна изјави дека е можно двојно да се зголеми бруто домашниот производ и приходот по глава на жител до 2035-та година.

Двојно зголемување на кинескиот БДП бара просечна годишна стапка на раст од 4,7 проценти во следните 15 години, нешто што според некои набљудувачи е тешко да се постигне.

Хелен Кјао, раководител на азиската економија во „BofA Global Research“, вели дека некои реформски мерки ќе и помогнат на Кина да го постигне тоа.

„Сметаме дека Кина може да го реализира тоа“, рече таа за „CNBC“.

Покрај двојното зголемување на БДП-то, азискиот економски гигант би ги надминал САД како најголема светска економија во 2027-ма или 2028-ма година, предвидува Кјао.

Кина беше една од ретките економии на глобално ниво што растеше во 2020-та година и покрај предизвиците од пандемијата на коронавирусот.

Официјалните податоци покажуваат дека кинеската економија минатата година пораснала за 2,3 проценти, а Меѓународниот монетарен фонд за Кина годинава прогнозира раст од 8,1 процент.

Во меѓувреме, економијата на САД се намали за 3,5 проценти во 2020-та година, според најновите проценки на владата. ММФ соопшти дека економијата на САД годинава може да порасне 5,1 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП