20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинеската економија до 2035 година ќе ја помине американската

Кинеската економија до 2035 година ќе ја помине американската

Кина има добри шанси да ја удвои својата економија до 2035 година и да ги надмине Соединетите Американски Држави (САД), рече економистката од Бенк оф Америка, Хелен Кјао.

Кинескиот претседател Си Џинпинг претходно изјави дека Кина може да го удвои својот бруто домашен производ (БДП) и приходот по глава на жител до 2035 година.

Растот на БДП во Кина бара просечна годишна стапка на раст од 4,7 проценти во следните 15 години, што според некои набљудувачи е тешко да се постигне.

Кјао рече дека некои реформски мерки ќе ѝ помогнат на Кина да го постигне тоа.

„Сметаме дека Кина може да го оствари тоа“, рече Кјао.

Таа верува дека Кина би можела да ги надмине Соединетите држави веќе во 2027 или 2028 година.

Кина беше една од ретките економии на глобално ниво што забележа раст минатата година, и покрај предизвиците на пандемијата на коронавирусите.

Официјалните податоци покажуваат дека кинеската економија минатата година се зголемила за 2,3 проценти, а Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Кина годинава предвидува раст од 8,1 процент.

Во меѓувреме, американската економија ослабе 3,5 проценти минатата година. ММФ очекува економијата на САД годинава да порасне 5,1 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП