2 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАБизнис совети од браќата Тротер

Бизнис совети од браќата Тротер

troter1

Иако семејниот бизнис „Trotters Independent Traders“ не дејствувал секогаш во согласност со законот, од неговите деловни потези можат да се извлечат неколку совети за успешно водење на бизнис. Делбој, Родни и чичкото Алберт се далеку од успешни претприемачи, но со својата лукавост и снаодливост понекогаш успевале да заработат по некоја фунта.

Принципите според кои се воделе сепак им донеле милиони, па затоа вреди да се пробаат некои деловни стратегии од оваа легендарна серија.

Не губете надеж

„Следната година во ова време ќе бидеме милионери“, често му кажуваше Делбој на својот помлад брат. Не обрнувајте внимание на озборувањата во околината и следете го својот сон, бидејќи упорноста секогаш се исплати.

Бидете храбри

„Храбрите победуваат“ е уште една честа изрека на овие претприемачи. Со доза на ентузијазам и сомодоверба и најлудите идеи стануваат реалност. Верувајте во себе и бидете храбри, бидејќи среќата ги прати храбрите.

Бидете трпеливи

Најуспешните компании на денешницата често ризикувале и навлегувале во проекти кои сите останати ги осудувале на пропаст. „Microsoft“, „Apple“ и „IBM“ со работа започнале од гаража, а денес тие се технолошки гиганти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП