28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБафет: Никогаш не се обложувајте против Америка

Бафет: Никогаш не се обложувајте против Америка

Пророкот од Омаха, Ворен Бафет, денес го објави своето традиционално писмо до акционерите во кое јасно наведува – никогаш не се обложувајте против САД. Ворен Бафет сè уште цврсто верува во американскиот сон.

„Во нејзините кратки 232 години постоење … немало инкубатори за ослободување на човечкиот потенцијал како Америка“, напиша претседателот и извршeн директор на “Беркшир Хатавеј” во писмото објавено во саботата.

„И покрај некои сериозни нарушувања, економскиот напредок на нашата земја го одзема здивот. Наш непоколеблив заклучок: Никогаш не се обложувајте против Америка.”

Бафет го сподели фактот во писмото за да го илустрира американскиот кредибилитет на Беркшир. Тој рече дека конгломератот поседува најголема количина на средства во САД (недвижнини, постројки и опрема) по вредност од која било друга компанија во земјата.

Милјардерот истакна две американски компании во целосна сопственст на Беркшир – BNSF Railway и Berkshire Hathaway Energy (BHE) – кои заработија 8,3 милијарди долари во 2020 година и покрај падот на побарувачката среде пандемијата на Ковид-19.

„Вашата пруга превезува околу 15% од целата не-локални тонски-милји (тон товар преместен на една милја) стока што се движи низ САД, без разлика дали е со железница, камион, гасовод, шлеп или авион“, рече Бафет.

„Историјата на американските железници е фасцинантна. После приближно 150 години избезумена градба, черепи, надградба, стечаи, реорганизации и спојувања, железничката индустрија пред неколку децении конечно се појави зрела и рационална.”

На тема инвестиции, Бафет рече дека екстремно ниските каматни стапки низ целиот свет ја намалија привлечноста на пазарот на обврзници.

„Обврзниците денес не се пожелно место“, рече Бафет.

„Инвеститорите со фиксен приход ширум светот – без разлика дали станува збор за пензиски фондови, осигурителни компании или пензионери – се соочуваат со мрачна иднина.

Бафет истакна дека референтниот десетгодишен принос драстично падна на 0,93% на крајот на 2020 година од 15,8% во септември 1981 година. Во меѓувреме, инвеститорите заработуваат негативен поврат на трилиони долари државен долг во Германија и Јапонија, додаде тој.

Бафет изненади со најавата за претстојното годишно собрание на акционери кое ќе се одржи во Лос Анџелес на 1-ви мај. Ова е првпат состанокот да се одржи надвор од Омаха.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП