5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАSamsung подготвува смартфон на преклопување

Samsung подготвува смартфон на преклопување

folder

„Galaxy Folder“ би требало да биде новиот паметен телефон на „Samsung“ кој ќе биде во средната класа и ќе биде многу поразличен од најпопуларните модели на пазарот.

Тоа што го разликува е секако формата, затоа што тој ќе биде традиционален преклопен мобилен, но со најнови хардверски и софтверски достигнувања кои ги имаат и останатите модели на „Galaxy“. Секој ден сме сведоци на фотографиите кои излегуваат од производните погони на „Apple“, така сега ни пристигнаа и неколку скици и слики од претстојниот „Galaxy Folder“.

folder1

Според виденото ова треба да биде преклопен телефон со два екрана кои ќе се наоѓаат на двете страни од поклопецот. Во внатрешноста по отварањето би требало да биде достапна класична нумеричка тастатура каква корисниците на паметните телефони веќе ја имаат заборавено. Од останатите досега познати детали се дека ќе има опција за „dual SIM“, додека основата на хардверот ќе биде „dual core“ процесор „Snapdragon 400“ и 2GB РАМ меморија. Телефонот пред се ќе биде наменет за корисниците кои немаат толку големи барања, како и за пазарите во развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП