19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Etsy“ забележа раст на приходите од 129% во четвртиот квартал

„Etsy“ забележа раст на приходите од 129% во четвртиот квартал

Компанијата за трговија преку Интернет, „Etsy“ објави повисоки од очекуваните резултати за четвртиот квартал, вклучувајќи раст на профитот и скок на приходите од 129%, пишува „CNBC“.

Цената на акцијата се зголеми за повеќе од 8% за време на тргувањето кога беше објавен извештајот.

Заработката достигна 1,08 долари по акција, наспроти прогнозата на аналитичарите од 59 центи по акција, според студијата на „Refinitiv“.

Приходите за кварталот беа 617,4 милиони долари од очекуваните 516 милиони долари.

Компанијата соопшти дека очекува нејзините приходи за тековниот квартал да бидат помеѓу 513 и 536 милиони долари, над прогнозата на Волстрит за 383 милиони долари. „Etsy“ одби да даде прогноза за цела 2021-ва година поради неизвесните идни макроекономски услови поради пандемијата на коронавирусот.

„Etsy“, која работи со онлајн продавница за рачно изработени и прилагодени производи, е една од најпрофитабилните компании во пандемијата, бидејќи домашните корисници се свртеа кон платформата и другите мрежни трговци како што се „Amazon“ и „Walmart“.

Заштитните маски се една од категориите што забележаа силен раст на „Etsy“ за време на пандемијата. Маските претставуваат 4% од бруто обемот на стоки за четвртиот квартал. Ова е мало повлекување во споредба со 11 проценти во третиот квартал и 14 проценти во вториот.

„Etsy“ тврди дека привлекол 61 милиони нови претплатници на веб-страницата во четвртиот квартал.

Не е јасно колку е одржлив долгорочен раст предизвикан од пандемијата. Во изјавата, извршниот директор на „Etsy“, Џон Силверман, рече дека растот веројатно ќе биде понизок од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП