3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLinkedIn оствари раст на профитот

LinkedIn оствари раст на профитот

linkedin2

„LinkedIn“ во вториот квартал од оваа година оствари раст на профитот од 32 проценти во однос на истиот период минатата година, пренесува агенцијата АПФ.

Оваа деловна мрежа сега има 238 милиони корисници.

Вкупниот профит изнесува 3,7 милиони долари. Растот на продажбата изнесува дури 59 проценти односно 363,7 милиони.

Бројот на корисници е зголемен за 37 проценти, на 238 милиони, а бројот на прегледани страници е зголемен за 25 проценти.

Добрите резултати кои „LinkedIn“ ги објави од 2011 година, кога излезе на берзата, направија вредноста на акциите на оваа компанија да се зголеми за 122 проценти во последните 12 месеци.

Од компанијата велат дека очекуваат дека продажбата во третиот квартал ќе изнесува меѓу 367 и 373 милиони долари, а што се однесува на цела година, проекциите се движат од 1,46 до 1,48 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП