3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија во рецесија

Русија во рецесија

recsi1

Според податоците на рускиот Завод за статистика, во таа земја во јули за прв пат во последните четири години е забележан пад на производството и земјата се соочи со рецесија, пренесува агенцијата Франс Прес.

Според последните податоци, индексот на набавка за производстените цели (ПМИ) падна под критичната граница од 50 поени.

Намалувањето на индексот ПМИ под границата од 50 поени значи дека економскиот раст е запрен и навлегува во „фазата минус“.

Индексот ПМИ за преработувачката индустрија во јули оваа година се намали на 49,2 поени, од претходните 51,7 забележани во јуни, додека индикаторот за оствареното производство се намали од 52,4 поени во јуни на 48,7 поени во јули.

Исто така, клучниот доказ за влошување на ситуацијата во економијата на Русија во текот на минатиот месец е отсуството на растот на новите нарачки на домашниот пазар.

Руските производители во јули ги намалија своите набавки, за прв пат од јануари минатата година, а темпото на тоа намалување беше најголемо во последните четири години.

Руските компании во јули отпуштиле најмногу вработени во последните седум месеци.

Според тврдењето на руските експерти, руската економија во наредниот период ќе доживее комплетен колапс ако владата не се откаже од постоечката либерално-монетаристичка насока.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП