28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГлобалната трговија се враќа на нивоата пред Ковид-19 до крајот на 2020-та

Глобалната трговија се враќа на нивоата пред Ковид-19 до крајот на 2020-та

Меѓународната трговија продолжи на крајот на минатата година со нивоа на пред-пандемијата на коронавирусот, компензирајќи ја штетата предизвикана од ширењето на вирусот во првата половина од 2020-та година, се вели во извештајот на холандската консултантска компанија „CPB“.

Светската трговија порасна за 4% во четвртиот квартал од минатата година на квартална основа, посочува „CPB“, повикувајќи се на сопствената анализа. Според компанијата, во 2020-та година глобалната трговија е зголемена за 1,3 проценти.

Нивото на трговија беше повисоко за 0,6% во декември отколку еден месец претходно, поддржано од силниот извоз од развиените економии како што се САД, како и увозот од новите пазари.

На годишно ниво, трговијата во еврозоната се намали за 8,2% во 2020-та година во споредба со претходната година. На квартална основа, показателот порасна за 3,3% во последниот квартал од минатата година. На месечно ниво, во декември, трговијата во еврозоната се намали за 0,5 проценти.

Глобалниот извоз ќе се намали во 2020-та година за 5,1%. За цела 2020-та година, САД објавија пад на извозот за 10,6 проценти во споредба со 2019-та година. Во Јапонија падот достигна 7,7 проценти, а во еврозоната е 8,7 проценти.

Извозот на САД се зголеми за 3,3 проценти во декември, додека увозот во Кина се намали за 2 проценти, а извозот за 2,1 процент.

Во исто време, глобалното индустриско производство порасна за 1,3 проценти во последниот месец од 2020-та година, враќајќи се на нивоа од почетокот на минатата година, пред коронавирусот да се прошири надвор од Кина.

Извештајот за следење на трговијата на „CPB“ се објавува месечно во име на Европската комисија (ЕК) и го користи Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за следење на трговските текови.

Според Светската трговска организација (СТО), растот на глобалната трговија со стоки остана силен и во четвртиот квартал од 2020-та година, откако трговијата се опорави во третиот квартал од падот предизвикан од антикоронавирусните мерки.

Сепак, темпото на проширување во четвртиот квартал најверојатно нема да се задржи во првата половина од 2021-ва година, бидејќи главните водечки индикатори веќе го достигнаа својот врв, вели СТО во својот извештај за трговија со стоки, објавен на 18-ти февруари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП