4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIBT го купува Newsweek

IBT го купува Newsweek

newsweek1

Медиумската групација „IBT“ денес соопшти дека ќе го купи американскиот магазин „Newsweek“.

Договорот за купување би требало да биде потпишан во текот на наредните денови, а деталите за трансакциите не се објавени.

Сегашниот сопственик на „Newsweek“ интернет групацијата „IAC“ соопшти дека во мај магазинот е понуден на продажба.

„IBT Media“, која е основана во 2006 година, е сопственик на сајтовите „International Business Times“, „Medical Daily“, „Latin Times“ и „iDigitalTimes“, кои месечно имаат повеќе од 30 милиони посетители.

„Newsweek“, вториот најтиражен американски информативен неделник, на крајот на 2012 година се откажа од своето печатено издание и премина исклучиво на дигитална верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП