16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветските воени трошоци соборија нов рекорд во 2020-та

Светските воени трошоци соборија нов рекорд во 2020-та

Глобалните воени трошоци во текот на минатата година достигна нов рекорд, и покрај пандемијата на новиот коронавирус и тешката економска криза што ја предизвика. Ова се наведува во годишниот извештај објавен од страна на Британскиот меѓународен институт за стратешки студии.

Во 2020-та година, воените трошоци достигнаа 1,830 трилиони долари, што е зголемување реално за 3,9 проценти во споредба со 2019-та година.

Скоро две третини од ова зголемување се должи на Соединетите држави, кои имаат најголемо учество – 40,3 проценти (или 738 милијарди долари) од вкупните воени трошоци, како и Кина (10,6 проценти или 193,3 милијарди долари).

Кина ги зголемува овие трошоци во Азија (вкупно 25 проценти), каде вкупниот тренд останува нагорен, иако со малку побавно темпо (+4,3 проценти наспроти +4,6 во 2019-та година).

Неколку земји ги сменија своите воени буџети за да ги пренасочат средствата кон антикризните мерки или да ја поддржат економијата. Сепак, голем број други едноставно го намалија или одложија зголемувањето на планираните трошоци наместо да ги намалуваат, забележува авторитетниот институт.

Извештајот го потенцира зајакнувањето на воениот потенцијал на Кина, особено морнарицата, во врска со територијалните претензии на Пекинг кон Јужното кинеско море.

Во Европа, воените трошоци исто така се зголемуваат (+2 проценти), особено за да се одврати Русија, која се смета за растечка закана од анексијата на Крим во 2014-та година. Сепак, многу земји од НАТО се уште се далеку од целта до 2024-та година да издвојат 2 проценти од нивниот бруто домашен производ за воени цели.

Посветеноста на клучните играчи како Франција, Велика Британија, Германија и Италија да ги зголемат своите одбранбени буџети во 2021-ва година и дополнително ја сигнализира нивната намера да ги избегнат кратењата што следеа по финансиската криза од 2007-ма до 2008-ма година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП