28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААСО им препорача на осигурителните компании да не делат дивиденда

АСО им препорача на осигурителните компании да не делат дивиденда

Падот на приходите на осигурителните компании за 5 отсто лани, трошоците за имплементација на повисоки стандарди за заштита на осигурениците и зајакнување на солвентноста на компаниите, како и промени во правилата за пресметка на технички резерви се клучните причини за оправданоста на препораката на АСО Агенцијата за супервизија на осигурувањето.

АСО им препорача на осигурителните друштва кои 2020 година ја завршиле со добивка оваа година да се воздржат од исплата на дивиденда. Препораката денеска е испратена до сите осигурителни компании на домашниот пазар за осигурување.

АСО согледувајќи ги состојбите на осигурителниот пазар во актуелниот контекст одлучи дека постојат неколку објективни околности кои целосно ја оправдуваат препораката за воздржување од исплата на дивиденда. Еден од клучните фактори за носење на препораката е фактот што вкупните приходите од бруто полисирана премија (БПП) на целиот осигурителен пазар лани се намалени за 5 отсто во споредба со претходната година. Дополнително на горенаведеното врз носењето на препораката влијае и тоа што од почетокот на годинава побарувањата нема да се признаваат како средства за покривање на техничките резерви на осигурителните друштва.

Со цел зголемување на заштита на правата на осигурениците односно купувачите на осигурителните полиси и истовремено зајакнување на солвентноста и стабилноста на осигурителните компании АСО донесе три суштински значајни правилници чија примена стапи на сила од почетокот на оваа година. Имплементацијата на овие правилници за осигурителните компании ќе значи дополнителни вложување финансиски средства и ресурси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП