Денеска, случајно или намерно се објавија две одлуки кои беа дијаметрално спротивни и направија турбуленции на пазарот на хартии од вредност.
Првата, со официјално соопштение од страна на Народната банка беше објавено дека донеле Одлука за привремено ограничување на распределбата и исплатата на дивиденда на акционерите на банките и штедилниците. Одлуката е од привремен карактер и ќе важи до крајот на оваа година, а Банката, најдоцна до 30 септември, повторно ќе ги оцени околностите со пандемијата поради кои е донесена одлуката. Во зависност од оцената, Народната банка може предвремено да го укине ограничувањето од оваа одлука.

