14 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Најмала невработеност од 2008 година

САД: Најмала невработеност од 2008 година

amerika2

Невработеноста во САД од јули е намалена на 7,4 проценти, што е најмал проценти во последните четири и пол години.

Со јулските 162.000 работни места, стапката на невработеност падна од 7,6 проценти, колку што изнесуваше во јуни.

Веста за намалувањето на невработеноста е една од ретките радосни вести во последниот извештај на Министерството за труд на САД, бидејќи се наведува дека Американците имале помалку работни часови, додека пак, нивните плати се намалени.

Исто така, во мај и јуни се отворени 26.000 работни места помалку отколку што се проценуваше порано.

Овие податоци покажуваат дека поради слабиот економски раст на САД, работодавачите би можеле да бидат внимателни при вработувањето на нови работници.

Од друга страна, според податоците на Министерството за трговија, потрошувачите во САД во јуни најмногу ја зголемиле потрошувачката во последните четири месеци, иако е забавен растот на приходите.

Потрошувачите во јуни ја зголемиле потрошувачката за 0,5 проценти во однос на мај кога беше зголемена за 0,2 проценти. Растот на приходите во јуни беше 0,3 проценти, што е послабо од мајскиот раст од 0,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП