29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRadenska на продажба

Radenska на продажба

radenska1

Групацијата „Pivovarna Lasko“ ќе мора оваа есен да го продаде најголемиот словенечки производител на минерална вода „Radenska“, поради долговите од 370 милиони евра кон банките.

Како што пренесува „Tportal“, директорот на „Pivovarna Lasko“ Душан Зорко со банката „UniCredit“, која како консултант ќе го припреми меѓунардониот тендер, ќе побараат купци за прочуената „Radenska“.

Деловниот весник од Словенија „Finance“ неодамна објави дека за купување на „Radenska“ сериозно е заинтересирана „Kofola“, една од водечките компании која е во сопственост на грчката фамилија Самарас.

„Kofola“ произведува различни пијалоци во седум погони во Чешка, Полска, Словачка и Русија, а ги дистрибутира во Австрија и Германија, наведува „Finance“.

Весникот тврди дека „Kofola“ е заинтересирана преку Словенија и „Radenska“ да направи посилен производен и дистрибутивен канал на Балканот.

Наводно станува збор за приватна компанија која годишно остварува приход од 300 милиони евра од продажба, но добивката минатата година и паднала за 6,4 проценти.

Само во првиот квартал од оваа година „Kofola“ продала безалкохолни пијалоци за 50 милиони евра, додека пак „Radenska“ во целата година остварила продажба од триесетина милиони евра, пишува „Finance“.

„Tportal“ потсетува дека ова нема да биде преседан, бидејќи „Pivovarna Lasko“ пред две години го продаде производителот на сокови „Fructal“ за 35 милиони евра на српската компанија „Nektar“, со услов производството да не се сели од Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП