4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦрна Гора: Државата ги превзема долговите на загубарите

Црна Гора: Државата ги превзема долговите на загубарите

crnagora3

Министерството за финансии на Црна Гора ќе потпише договор со Железничкиот транспорт и со „Montenegro Airlines“ за преземање и конверзија на 7,2 милиони евра долг.

Како што е заклучено и на седницата на црногорската влада, ќе биде извршена конверзија на долговите во акциски капитал.

Предвидено е и преземање на долговите на „RTCG“ во вкупен износ од 2,4 милиони евра, од што 1,1 милион евра отпаѓа на долгот кон Европската радиодифузна унија, 900.000 евра на даночен долг, и 400.000 долг кон Електростопанството на Црна Гора и другите добавувачи.

Владата му предложи на Министерството за култура да започне процедура за припрема на план за реструктуирање на „RTCG“, така што преземањето на долгот во износ од 2,4 милиони евра ќе биде дел од планот за реструктуирање.

Владата, инаку, ја разгледа информацијата околку преземањето на долговите во вкупен износ до 9,6 милиони евра.

Од тој износ 3,5 милиони евра се кредитен аранжман помеѓу „Erste Bank“ и Железничкиот транспорт, 3,7 милиони евра се долг на „Montenegro Airlines“, а 2,4 милиони евра долг на „RTCG“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП