25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници

На ЕУ ќе и бидат потребни 11 милиони здравствени работници

На Европската унија ќе и бидат потребни дополнителни 11 милиони здравствени работници за стари лица до 2030-та година, со цел да се исполнат барањата на стареењето на населението, се вели во извештајот објавен денес од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија.

Голем дел од потребата за таква работна сила сега се обезбедува од домашните системи за образование и обука, но миграцијата и мобилноста на работната сила во рамките на ЕУ играат сè поголема улога.

Во 2018-та година, скоро два милиони здравствени работници не се родени во земјата каде што работат.

„Европа е континент кој старее и мора да се подготви за растечката побарувачка на работна сила. Наш заеднички предизвик ќе биде да обезбедиме прифатлива, квалитетна долгорочна нега и соодветна работна сила“, рече Дубравка Шуица, потпретседател на Комисијата за демократија и демографија.

Извештајот нагласува неколку предизвици кои, доколку се решат, можат да помогнат во поттикнувањето на мобилноста и да се ослободи целосниот потенцијал на миграција од трети земји, за да се помогне во ублажувањето на притисокот од недостиг на работна сила во овие сектори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП