3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSony оствари раст на профитот

Sony оствари раст на профитот

sony1

Во периодот од април до јуни, јапонската компанија „Sony“ оствари раст на профитот, пренесува „BBC“…

Нето профитот во вториот квартал од 2013 година изнесувал 35 милиони долари.

Многу јапонски компании забележале раст на профитот поради падот на вредноста на јенот, пренесува „BBC“. Вредноста на оваа валута падна за 25 проценти во однос на доларот од ноември.

Сепак, продажбата, што се однесува на „Sony“, пораснала за 13 проценти. За растот на профитот делумно е заслужен и растот на продажбата на смартфоните, велат од компанијата, бидејќи продажбата на дивизии за мобилните производи е за 36 проценти поголема во однос на истиот период минатата година, пренесуваат агенциите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП