11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови 725 случаи на Ковид-19, починаа 13 лица

Нови 725 случаи на Ковид-19, починаа 13 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.342 тестирања, а регистрирани се 725 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 274, Прилеп – 79, Кавадарци – 55, Тетово – 39, Куманово – 34, Охрид – 29, Гевгелија – 26, Неготино – 25, Велес -24, Штип -20, Гостивар -18, Битола -16, Струмица – 13, Кочани – 12, Струга и Крива Паланка по 11, Богданци – 6, Крушево – 5, Ресен – 4, Свети Николе, Делчево, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Демир Капија по 3, Кичево – 2 и Берово еден случај.

Регистрирани се и 215 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 125 , Прилеп – 19, Кавадарци – 13, Струмица – 9, Велес – 6, Битола – 5, Тетово, Куманово и Неготино по 4, Гевгелија, Делчево, Демир Капија, Кичево и Радовиш по 3, Гостивар, Ресен, Пробиштип и Демир Хисар по 2 и Кочани, Крива Паланка и Виница по еден.

Пријавени се вкупно 13 починати лица – по четворица пациенти во Скопје (85, 78, 72, 64 години) и во Куманово (70, 63, 57, 50 години) и по еден пациент од Тетово (66), Прилеп (72), Битола (71), Велес (75) и Пробиштип (83). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Направени се 3.342 теста преку: ИЈЗ – 1.029, ЦЈЗ Скопје – 86, „Авицена“ – 268, „Биотек“ – 337, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 116, „Систина“ – 218, „Лаор“ – 183, Судска медицина – 10, ЦЈЗ Битола – 92, „Синлаб“ – 45, „Ремедика“ – 23, ИБЗД Козле – 20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 903, УК Пулмологија со алергологија – 7 и ГОБ „8 Септември“ – 5.

Досега во Македонија се направени вкупно 509.720 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 100.632, бројката на оздравени пациенти е 90.311, на починати е 3.098, а бројот на активни случаи изнесува 7.223.

Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот статистиката по градови е следна:

Скопје 43.959, активни 3.153

Куманово 5.496, активни 222

Тетово 5.395, активни 259

Прилеп 5.232, активни 551

Гостивар 3.755, активни 132

Штип 3.633, активни 118

Битола 3.392, активни 156

Велес 3.398, активни 235

Охрид 3.187, активни 434

Кавадарци 3.213, активни 508

Струмица 2.674, активни 151

Струга 2.378, активни 175

Кочани 1.804, активни 62

Кичево 1.761, активни 60

Гевгелија 1.164, активни 151

Неготино 1.154, активни 152

Свети Николе 1.105, активни 24

Ресен 803, активни 71

Крива Паланка 807, активни 67

Дебар 788, активни 43

Радовиш 744, активни 31

Делчево 730, активни 190

Берово 639, активни 28

Пробиштип 536, активни 23

Виница 515, активни 22

Валандово 356, активни 23

Кратово 272, активни 36

Демир Хисар 260, активни 10

Крушево 265, активни 60

Македонски Брод 252, активни 7

Богданци 255, активни 29

Демир Капија 238, активни 28

Македонска Каменица 193, активни 4

Пехчево 184, активни 3

Дојран 95, активни 5

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП