25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија силно ја заврши 2020-та, но ризиците остануваат

Германската економија силно ја заврши 2020-та, но ризиците остануваат

Германската економија ја докажа својата издржливост и се претстави подобро отколку што се очекуваше во последниот квартал од 2020-та година, и покрај кризата предизвикана од Ковид-19, пренесува „Reuters“.

Бруто домашниот производ порасна за 0,3% во последните три месеци од годината како резултат на интензивирањето на градежништвото, како и растот на извозот. Сепак, потрошувачката и државните трошоци се намалија.

Сепак, ограничувачките мерки против ширењето на коронавирусот во Германија остануваат во сила, а стапките на вакцинација се побавни отколку што се очекуваше, што е еден од главните ризици за „локомотивата“ на европската економија.

Според економистите цитирани од агенцијата, економскиот живот во земјата нема да се нормализира се додека не се вакцинираат доволно голем број луѓе. Досега, бројот на испорачани вакцини во Германија, како и во повеќето европски земји, останува далеку под оној во САД и Велика Британија.

„Тешката блокада што беше воведена во средината на декември, тешките временски услови во февруари и слабата глобална побарувачка може да бидат причина за неповолниот развој на настаните во првиот квартал од 2021-ва година“, рече економистот на „ING“, Карстен Бржецки.

Германската канцеларка Ангела Меркел предупреди дека земјата се соочува со трет бран на пандемијата и секоја одлука за отворање училишта или деловни активности мора да се донесе многу внимателно.

Надежите за забрзување на економското закрепнување сега се насочени главно во вториот квартал од оваа година. Европската унија се обидува да го забрза темпото на вакцинација.

Во меѓувреме, студија на германскиот институт „Ifo“ покажува дека управителите на повеќето германски компании се оптимисти во поглед на економијата, и покрај сегашните тешкотии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП