20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеколку правила за добри меѓучовечки односи на работното место

Неколку правила за добри меѓучовечки односи на работното место

Недостатокот на добра комуникација во човечките односи е фатален за продуктивноста на работа. Експертите велат дека ако умеете како да се поставите пред колегите, тоа е еднакво како да поседувате некој талент за обавување на одредена задача. Погледнете кои се основните правила за добри човечки односи на работното место.

1. Запомнете го името на колегата

Ова важи за големите компании со голем број на вработени каде тешко се паметат сите имиња.

Кога лицето ќе го повикате со име, ја персонализирате пораката која ја испраќате, исто така, оставате впечаток на внимателен човек. Вушност ова е наједноставната алатка за спуштање на човечкиот гард при пристапување кон него.

2. Ценете ја туѓата работа

Некои работници мислат за себе дека се најдобрите и дека никој не може да ја заврши работата како што можат тие. Немојте да бидете такви, верувајте во можностите и способностите на другите лица.

3. Опуштете се

Излезете од својот „сектор“ и понекогаш помогнете им и на другите околу нивните обврски на работа. Направете го тоа без да ве замолат, понудете се сами.

4. Признајте ја грешката

Нема да се сруши вашиот свет ако признаете дека сте згрешиле. Секој може да погреши, но и секој треба да ја признае грешката.

5. Пофалете ги другите лица

Кога сакате некого да пофалите за работата и трудот немојте да кажете само „добро завршена работа“. Бидете специфични во фалењето и покажете дека сте свесни што тоа лице направило.

6. Исполнувајте ги ветувањата

Не ветувајте нешто што не можете да го направите. Вашиот кредибилитет зависи од тоа, а вие сигурно не сакате да биде нарушен.

7. Покажете благодарност

Колегата ви направил некоја услуга или обавил нешто наместо вас, потрудете се да го цените неговиот труд. Заблагодарете му се и кажете му дека во иднина може да ви се обрати за било што.

8. Помогнете му на колегата кога има проблем

Сите грешиме. Сетете се само последниот пат вие кога згрешивте колку посакувавте некој да застане во ваша одбрана. Е токму така постапете наредниот пат кога некој ваш колега е во невоља, насмевнете се и кажете дека такви ситуации им се случуваат и на најдобрите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП